Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фон дер Лајен: Постои јасен план за деескалација на ситуацијата на Косово

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, за Танјуг изјави дека постои многу јасен и посветен план за деескалација на ситуацијата на Косово – патоказ на кој двете страни работеа претходно оваа година, пренесе „Политика“.

– Ги повикувам двете страни на деескалација и да се придржуваат до патоказот. Тоа е апсолутно клучно за да се оди напред на мирен начин, рече претседателот на ЕК коментирајќи ја ситуацијата на северот на Косово и одговарајќи на прашањето дали ЕУ ќе се ангажира посилно и ќе влијае на косовскиот премиер Албин Курти, да го прифати планот на ЕУ за деескалација на ситуацијата и повлекување на специјалните единици.

Во пресрет на вториот ден од самитот на НАТО во Вилнус, фон дер Лајен посочи дека е јасно оти и Белград и Приштина мора да го почитуваат она што е договорено во Охрид.

Зачлени се на нашиот е-билтен