Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ќе разговараме за најраниот прием на Украина во Унијата, вели шефот на украинската дипломатија пред самитот со ЕУ

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, изјави дека клучното прашање на самитот на Украина и Европската унија, на 3 февруари во Кијив, ќе бидат дискусиите за најраниот почеток на преговорите за пристапување на неговата земја во Унијата, по спроведувањето на сите препораките на Европската комисија.

Агенцијата Укринформ пренесе дека Кулеба изјавил дека украинската страна е подготвена да ги претстави резултатите од спроведувањето на сите седум препораки на Европската комисија и очекува ЕУ позитивно да ги оцени напорите на Киев.

-Клучното прашање на дневниот ред треба да биде опцијата за што поскоро почнување на преговарачкиот процес за влез во ЕУ, откако Украина ќе ги исполни сите препораки на Европската комисија и очекуваме позитивна оценка, рече Кулеба.

Според него, на самитот ќе се разговара за новите санкции на ЕУ кон Русија, што ќе се однесуваат на воената и нуклеарната индустрија.

Самитот меѓу ЕУ и Украина е договорен од пред еден месец, кога претседателот Владимир Зеленски разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

Tags: Дмитро КулебаЕУУкраина

НАЈНОВО

Ердоган: Зелено светло за Финска во НАТО, но не и за Шведска сѐ додека тие дозволуваат палење на Куранот

 FEBRUARY 1, 2023

Претрес во домот на украинскиот поранешен министер за внатрешни работи Арсен Аваков

 FEBRUARY 1, 2023

Тупанчески: Итно да се реагира за недостигот на судии и јавни обвинители за да се спречи застарување на предметите

 FEBRUARY 1, 2023

НАЈЧИТАНО

https://www.facebook.com/v2.8/plugins/page.php?adapt_container_width=true&app_id=1033839856996838&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df12604af654b2a4%26domain%3Dfrontline.mk%26is_canvas%3Dfalse%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Ffrontline.mk%252Ff116d45e5f81104%26relation%3Dparent.parent&container_width=340&height=500&hide_cover=false&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Ffrontline.mk%2F&locale=en_US&sdk=joey&show_facepile=true&small_header=false&tabs=false

Home  РЕГИОН

Паус: Милановиќ тешко дека ќе добие поддршка од ИДС за втор претседателски мандат

February 1, 2023 11:14

in ДЕНЕСПОЛИТИКАРЕГИОН

Share on FacebookShare on Twitter

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ повторно се најде на удар на хрватската јавност , посебно откако завчера изјави дека „Косово е украдено од Србија“ и дека „Крим никогаш нема да биде Украина“.

Поради ваквиот негов став, лидерот на истарскиот демократски сабор (ИДС), Далибор Паус денеска изјави дека се оди во правец тие како партија да не го поддржат Милановиќ на изборите за втор претседателски мандат.

Паус изјави дека се уште не се одлучиле за евентуална поддршка за Милановиќ за втор мандат, но дека се оди во насока да не го поддржат.

-Тој уништува еден начин на комуникација и доверба во институциите, а тоа е пречка да биде добар претседател. Како што сега стојат работите, се оди во насока да не го поддржиме, но се надеваме дека претседателот ќе се вразуми бидејќи кога е поважно како нешто е кажано, а не што е кажано, тогаш работите не се добри , изјави Паус во гостување на загрепската телевизија N1.

Зачлени се на нашиот е-билтен