Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блинкен: Украина врати околу 50 отсто од првично заземената територија

Украина досега врати околу половина од територијата што ја зазеде Русија за време на инвазијата, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен во интервју за Си-Ен-Ен. Сепак, тој признава дека на Украинците им претстои уште многу тешка битка.

Осврнувајќи се на актуелната украинска контраофанзива, тој оцени дека таа сè уште е на почеток.

– Тешко е. Работите нема да се решат во следната недела или две, туку веројатно ќе потрае неколку месеци, истакна Блинкен.

На прашањето дали Украина ќе добие борбени авиони Ф-16, Блинкен рече дека е уверен оти тоа ќе се случи.

-Најважното е да се осигураме дека кога тоа ќе се случи, тие ќе бидат соодветно обучени, способни да ги одржуваат авионите и да ги користат на интелигентен начин, вели државниот секретар на САД.

Според најавите од поддржувачите на Украина, коалицијата од 11 нации ќе започне со обука на украински пилоти за летање на Ф-16 во август во Данска. Тренинг центар ќе биде отворен и во Романија.

Зачлени се на нашиот е-билтен