Специјалниот пратеник на Канада за Европска Унија и Европа Стефан Дион од 6 до 8 февруари ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. Фокусот на посетата, како што информираат од Конзулатот на Канада во Скопје, е реафирмирање и продлабочување на билатералната соработка и односите меѓу Канада и Северна Македонија.
Во рамки на посетата специјалниот пратеник Дион ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министри од Владата, како и со претставници на граѓански, културни и бизнис заедници во Северна Македонија.
Стефан Дион е порашен министер за надворешни работи на Канада (ноември 2015 до јануари 2017 година), потоа бил назначен за специјален пратеник на премиерот во Европска Унија и Европа, амбасадор на Канада во Германија (2017-2022) како и актуелен амбасадор на Канада во Франција и Монако.
Специјалниот пратеник Дион го застапува канадското лидерство во светот за клучните глобални интереси, вклучително и промоција на универзалните човекови права, демократија, напори за мир и стабилност, одржлива трговија, глобалниот климатски предизвик и посветеноста на Канада на различноста, наведуваат од канадскиот Конузлтат во Скопје.
Tags: европаЕвропска УнијаКанадаСтефан Дион


НАЈНОВО

Рисимкин со „Леди Магбет“ во програмата на Верона фестивалот во Италија
FEBRUARY 3, 2023

МПС ги повика членовите на 4 февруари доследно да ги извршуваат задачите, а политичките партии да не ги заплашуваат вработените во безбедносните служби
FEBRUARY 3, 2023

Следните шест месеци се клучни за исходот на руско-украинската војна, изјави шефот на ЦИА
FEBRUARY 3, 2023
НАЈЧИТАНО
- Шоле – Ескобар: Време е за формирање Заедница на општини со српско мнозинство
- Гробот на Делчев реши да се самопремести: „Пандов ќе ми чувал стража?! Бог да чува!“
- Маричиќ: Од ЕУ годишно добиваме по околу 100 милиони евра, помош за државата да ги изведе тешките реформи
- Банана продукција, Милкман Продакшн и Милчо Манчевски – гаранција за успех на филм или тезга за големи пари?
- Костадиновска-Стојчевска: Културата е скапа, некултурата е уште поскапа
https://www.facebook.com/v2.8/plugins/page.php?adapt_container_width=true&app_id=1033839856996838&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df1e7f41abb2253%26domain%3Dfrontline.mk%26is_canvas%3Dfalse%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Ffrontline.mk%252Ff4c503dad043bc%26relation%3Dparent.parent&container_width=340&height=500&hide_cover=false&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Ffrontline.mk%2F&locale=en_US&sdk=joey&show_facepile=true&small_header=false&tabs=false