Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Реакција на ЕУ на егзекуциите во Кувајт: Ќе продолжиме да работиме за укинување на смртната казна 

Европската Унија изрази жалење за вчерашната егзекуција на пет лица во Кувајт, потенцирајќи дека како прашање на принцип силно се противи на смртната казна во секое време и во сите околности.

– Тоа е нехумана казна, која се покажа како неефикасна за спречување на криминалот и претставува негирање на основното право на живот и човечкото достоинство, се посочува во соопштението на Европската служба за надворешни работи.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, ЕУ во реакцијата изразува загриженост за „забележаната зголемена употреба на смртна казна во Кувајт, по егзекуциите во ноември минатата година“, додавајќи дека ќе продолжи да работи за укинување на смртната казна во неколкуте преостанати земји кои се уште ја применуваат.

Врз пет лица во Кувајт вчера беа извршени смртни казни со бесење, меѓу кои беше и апатридот Абдел Рахман Сабах Сауд, осуден на смрт поради неговата улога во бомбашкиот напад во една џамија во 2015 година, при што загинаа 26 лица. Тројца од егзекутираните се осудени за убиство, а еден за шверц на дрога. 

Зачлени се на нашиот е-билтен