Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕКОВАС го отфрли тригодишниот план за транзиција на пучистите во Нигер

 Западноафриканскиот регионален блок на државите ЕКОВАС денеска ја отфрли преговарачката тактика на водачот на пучот во Нигер дека тој ќе ја предаде власта на цивилните власти во рок од три години, јавува Би-Би-Си.

Политичкиот комесар на таа организација Абдел Фату Муса изјави дека овој рок е неприфатлив.

Во телевизиското обраќање во саботата, генералот Абдулрахман Чиани рече дека е потребен национален дијалог за да се постават темелите за нов политички поредок во Нигер и вети дека ќе го врати цивилното владеење во земјата во рок од три години.

Тој ги осуди санкциите на ЕКОВАС наметнати на Нигер.

ЕКОВАС ја повтори својата подготвеност за воена интервенција во Нигер. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново