Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОН: Талибанците во Авганистан убија над 200 припадници на поранешните безбедносни сили

Повеќе од 200 поранешни авганистански владини функционери и безбедносни сили се егзекутирани без судење откако талибанците дојдоа на власт во Авганистан, се наведува во новиот извештај на Обединетите нации.

Мисијата на Обединети нации за помош во Авганистан (УНАМА) документирала најмалку 800 прекршувања на човековите права против поранешни авганистански владини службеници и безбедносни сили од 15 август 2021 година, кога талибанците ја презеле власта, до крајот на јуни 2023 година.

Поранешни припадници на армијата, полицијата и разузнавачките служби биле главно цел на талибанците.

Талибанците го зазедоа Кабул кога НАТО и американските трупи се повлекоа од земјата, а тогашниот претседател Ашраф Гани побегна од земјата.

Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк истакна дека извештајот „претставува отрезнувачка слика за третманот на поединци поврзани со поранешната влада и безбедносните сили“.

Тој ги повика талибанците да ги исполнат своите обврски според меѓународното право за човекови права и да спречат понатамошни прекршувања, како и да ги изведат одговорните пред лицето на правдата. 

Најново