Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Си повика на забрзано проширување на БРИКС

 Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повика на забрзано проширување на БРИКС, групата земји што ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република. 

-Треба да дозволиме повеќе земји да се приклучат на семејството на БРИКС за да го направиме глобалното владеење поправедно, рече Си на самитот на лидерите на БРИКС во Јоханесбург.

Кинескиот лидер оцени дека светот минува низ „големи промени“ и дека влегол во нова фаза на „турбуленции и трансформација“, пренесуваар британските медиуми.

Самитот на БРИКС се одржува во Јоханесбург, а тема на денешната седница е проширување на организацијата. 

До денеска дури  22 земји поднеле официјални апликации за приклучување кон БРИКС. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново