Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Моравјецки: „Вагнер“ може да биде и поопасен под контрола на Путин

 Групата „Вагнер“ ќе стане уште поголема закана под контрола на Владимир Путин, смета полскиот премиер Матеуш Моравјецки, пренесува Скај Њуз.

-Групата Вагнер сега ќе потпадне под команда на Путин, секој сам нека си одговори на прашањето – дали заканата ќе биде поголема или помала?, запраша поилскиот премиер 

„За мене тоа е реторичко прашање“, рече тој на прес-конференција.

Приватната воена група до вчера беше под комплетна контрола на Евгениј Пригожин, за кој се смета дека загина во авионска несреќа.

Платениците на „Вагнер“ во јуни и јули беа преместени во Белорусија, по бунтот предводен од Пригожин, при што нивното присуство во Белорусија се сметаше за потенцијална закана за соседна Полска, појсанува Скај Њуз.  

Зачлени се на нашиот е-билтен