Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ИФИМЕС: Самитот на БРИКС покажа дека Африка е дипломатско бојно поле за светските сили

На самитот БРИКС што се одржа во Јоханесбург се разговараше за глобалните тензии кои произлегуваат од конфликтот во Украина, ескалацијата на тензиите во Источна Азија, како и можната војна во африканскиот регион Сахел по државниот удар во Нигер, соопшти Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана во анализата на самитот, укажувајќи дека африканскиот континент во моментов е дипломатско бојно поле меѓу Западот, Кина и Русија.

ИФИМЕС истакнува дека Западот, Кина и Русија се обидуваат да го зголемат своето влијание во Африка за да се натпреваруваат за суровини и ресурси.

Во анализата насловена „Свет 2023: БРИКС – Самит на де-доларизација“, ИФИМЕС нагласува дека на самитот од 22 до 24 август, како и обично, била разгледана неопходноста од реформирање на сегашниот, според учесниците, неправеден систем, со посебна осврт на потребата од големи структурни реформи на глобалниот финансиски систем во кој доминираат САД. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен