Шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин е меѓу жртвите во авионската несреќа во Русија, потврди денеска генетското вештачење спроведено од руските истражни органи, пренесува МИА.
На крајот од „генетското вештачење“ било утврдено дека идентитетот на десетте жртви чии тела биле пронајдени по урнувањето на авионот „одговараат на списокот“ на патниците и членовите на екипажот на авионот, меѓу кои бил и Пригожин, се наведува во соопштението на Истражната комисија.
Истражителите на 25 август објавија дека ги пронашле и црните кутии со податоци за летот на авионот што се урна на 23 август.