Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поради невремето и обилните дождови, црвен метео аларм во Ломбардија

 Поради невреме и обилни дождови во Италија, во областа Ломбардија на сила е црвен метео аларм, додека портокалов метео аларм е активиран во провинциите Фурлани-Јулиј, Лигурија, Болцано, како и дел од Пиемонте, Тоскана и Венето.

Во Џенова за еден час паднале 80 милиметри дожд на квадратен метар, што предизвикало поплави низ градот, проблеми во сообраќајот и прекин на пругата Торино-Џенова.

Провинцијата Лигурија синоќа ја зафати силно невреме, објави „Република“.

Зачлени се на нашиот е-билтен