Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Турција се предвидува забрана за користењето мобилни телефони во училиштата

Во новата учебна година во Турција се предвидува да се забрани користење на мобилни телефони од страна на учениците за време на наставата во образовните институции.

Ова го изјави турскиот министер за образование Јусуф Текин на конференција со претставници на образовните институции од целата земја, објави веб-страницата Хаберлер.

„Размислуваме да спроведеме мерки за да ги спречиме учениците да користат мобилни телефони и дигитални уреди кога се на училиште. Не е во ред да се дозволуваат мобилни телефони и дигитални уреди во образовните институции, бидејќи дигиталната зависност го кочи образовниот процес“, рече Текин.

Не е прецизирано дали ваквата мерка ќе важи и за државните и за приватните училишта.

Најново