Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Над половина од жителите на ЕУ лани користеле смарт телевизори – најмногу на Малта, најмалку во Бугарија

Лани 52 проценти од граѓаните во ЕУ на возраст меѓу 16 и 74 години користеле телевизори поврзани на интернет, што претставува раст за 9 процентни поени во однос на 2020 година, соопшти денеска Европската сатистичка служба – Евростат.

Гледано по земји, граѓаните на Малта во најголем процент користеле паметни телевизори и тоа 78 отсто, пред жителите на Шпанија со 69, на Шведска и Ирска по 68 и на Кипар 66 проценти. Од друга страна, телевизори поврзани на интерент најмалку користеле Бугарите и тоа 30 отсто, пред Хрватите со 35, Полјаците со 38, Грците со 39 и Романците со 40 проценти.

Во исто време, 26 отсто од лицата во ЕУ на возраст од 16 до 74 години употребувале паметни часовници, очила или слушалки или други додатоци поврзани на интернет, што претставува раст за девет процентни поени во споредба со 2020 година, кога вакви уреди користеле 17 проценти од Европејците.

Конзоли за игри поврзани на Интернет користеле 20 отсто од граѓаните на возраст од 16 до 74 години, 13 проценти паметни звучници или апликации, а 10 отсто употребувале термостати, помошни броила или светилки поврзани на интернет.

И покрај зголемувањето на употребата на уреди поврзани на интернет во ЕУ во 2022 година, 41 отсто од луѓето на возраст од 16 до 74 години изјавиле дека никогаш не употребувале вакви уреди, а како главна причина за тоа го навеле одговорот дека „немаат потреба“ за нивно користење. Следна причина за некористењето на паметни уреди е нивната цена (10 отсто), по што следува загриженоста за приватноста и заштитата на личните податоци (осум проценти). 

Зачлени се на нашиот е-билтен