Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Борел: Работиме на безбедносни гаранции за Украина на долг рок

Наспроти меѓународната осуда, рускиот претседател Владимир Путин не покажува знак дека има намера да прекине со  аграсијата врз укрианскиот народ и затоа подршката на Европската Унија за Украина е важна за да може земјата да се одбрани од инвазијата од Русија, порача денеска високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел по неформалната средба на министрите за одбрана на блокот во шпанскиот град Толедо.

– Работиме на безбедносните гаранции што може да и се дадат на Украина на долг рок, не само сега во војната, туку и за да и се обезбеди одржлива финансиска поддршка, рече Борел на заедничката прес-конференција со шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес.

Тој нагласи дека поддршката од ЕУ за Украина ќе се состои во три дела, од кои првиот ќе опфати создавање на Фонд за догорочна финансиска поддршка за периодот од 2024 до 2027 година, за што ќе се разговара и на утрешната неформална средба на министрите за надворешни работи во Толедо. Според Борел, во рамките на овој Фонд за Украина ќе бидат обезбедувани по пет милијарди евра годишно.

Високиот претставник на ЕУ нагласи дека вториот дел од поддршката се состои од мисијата за обука на украинските војници, во чии рамки во моментов се обучуваат 25.000 припадници на Вооружените сили на Украина, дел и во Толедо, а се е планира до крајот на октомври нивниот број да се зголеми до 30.000, а до крајот на годината и до 40.000.

– Но, не е важен само квантитетот, туку треба да се обезбеди и квалитет, рече Борел.

Тој додаде дека во рамките на овие обуки ќе се врши и тренинг на пилоти на украинското Воено воздухопловство за управување со летала од западно производство, при што им се заблагодари на Холандија и Данска за донираните авиони Ф-16 на Украина.

Третиот дел од поддршката, како што нагласи Борел, ќе се состои во обезбедување на муниција и проектили за Украина од европската одбранбена индустрија во износ од 1,1 милијарди евра. Тој потенцира дека е предвидено овој план да се разлизира на тој начин што земјите членки на ЕУ ќе склучуваат договори со европската одбранбена индустрија за производство на муниција, која потоа ќе се доставува во Украина.

Според Борел, во реализацијата на овие планови ЕУ тесно ќе соработува со НАТО.

Тој нагласи дека на средбата станало збор и за последиците по глабалното снабдувањето со храна, по одлуката на Москва да се повлече од Црноморскиот договор за житото.

– Ќе продолжиме да и помагаме Украина во диструбуцијата на храна до меѓународните пазари, додаде Борел.

Роблес, од своја страна, истакна дека средбата во Толедо се одржала во духот на единството и псоветеноста на ЕУ за мир, истакнувајќи дека поддршката на одбраната на Украина, претставува и поддршка на мирот.

– Посветени сме на зедничката одбрана на ЕУ. Сакаме да продолжиме да инвестираме во одбраната, бидејќи тоа не значи само инвестирање во безбедноста, туку и инвестирање во нови работни места и развој, додаде Роблес.

Таа потенцира дека во услови на комплексна ситуација во светот, ЕУ останува посветена на одбрна на своите вредности и затоа е важно да има сили, кои ќе бидат спремни итно да реагираат доколку биде потребно.

На средбата станало збор и за случувањата во Нигер по воениот удар, кој, како што нагласи Борел, создава нова нестабилност во и онака кревкиот регион на Сахел, додавајќи дека ЕУ соработува со Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) во изнаоѓањето решение за кризата во оваа земја.

– За решавање на африканските проблеми, ќе се држиме до африканските предлози, истакна Борел, нагласувајќи дека во моментов ЕУ ја прекинала воената соработка и доставувањето на воена помош на властите во Нигер.

Околку можноста за евентуални санкции за воената хунта на Нигер, Борел најави дека се разгледува и таква опција, но оти за тоа ќе се разговара на утрешната средба на шефовите на диполматиите на ЕУ.

На новинарско прашање дали се планира повлекување на француските војници кои во рамките на меѓународната мисија се стационирани во Нигер, Борел рече дека за такво нешто воопшто не е разговарано, а ниту Франција не покренала таква иницијатива.

Запрашан за ситуацијата во Габон по денешниот воен удар, Борел рече дека состојбата се следи внимателно со цел да се добие целосна слика за случувањето во оваа земја, пред да се преземат одредени чекори.

За евентуалното евакуирање на државјаните на ЕУ од Габон, Борел рече дека доколу тоа биде потребно ќе се преземат мерки за евакуација, како што Унијата прави секогаш за да ги заштити своите граѓани.

Во однос на настаните во Нигер и Габон, Роблес изјави дека на средбата била изразена голема загриженост за случувањата во Сахех, потенцирајќи дека единствето манифестирано околу Украина, мора да се преслика и за случувањата во Африка.

Запрашан што очекува по загинувањето на првиот човек на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, Борел одговори дека „сигирно ќе ми биде најдена замена“ и таа веројатно „ќе продоложи да оперира во служба на Путин во Африка“.

Неформалните состаноци на министрите на ЕУ се собири на кои не се носат никави одлуки, туку само се раговара за одредени теми и се разменуваат мислења и гледишта врз основа на кои потоа се израборитваат предлог-решенија кои се усвојуваат на формиланите министерски заседанија.

Извор: МИА

Зачлени се на нашиот е-билтен