Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Редок временски феномен над Тампа, Флорида предизвикан од ураганот 

 Над Тампа, Флорида, ураганот Идалија предизвика редок природен феномен. Видео на социјалните мрежи направено од американски воен воздухоплов за време на евакуација, покажува колоритно празнење на атмосфeрски електрицитет.  

Познато и како „оганот на Сејнт Елмо“, „или вештерски оган“ експертите велат дека овој атмосферски феномен се создава кога атмосферско електрично поле создава осветлена плазма. Мeтеoролзите тврдат дека ваквото празнење не e опасно како познатитe молњи.

Ураганот пристигна изутринава на брегот на северна Флорида во областа позната и како Големиот свиок, каде полустровот се поврзува со копнениот дел на континентот, за среќа еден од најнаселените делови на државата. 

Во меѓувреме, вонредна состојба е објавена во државите Џорџија и Јужна Каролина, каде бурата се очекува да се намали, но се уште се смета за ураган. Ветер и силен дожд моментално има во Талахаси, Флорида, најголемиот населен центара на патот на Идалија, поплави има во Стеинхачи, со излевање на истоимената река. Трета категорија се почуствува во местата од Големиот свиок како Хорсшу и Китон бич, каде во близина на тие брегови пристигна „окото“ на ураганот.  Познавачите велат дека кога се појавува „око“ на ураганот, тоа значи дека тој е жив, дише и претстои страшно невреме.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново