Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска најави дека Русија планира да ги продлабочи врските со Северна Кореја.
Изјавата на Песков уследи откако Белата куќа синоќа соопшти дека е загрижена поради напредокот во преговорите за вооружување помеѓу Русија и Северна Кореја.
– Москва и Пјонгјанг одржуваат добри односи полни со меѓусебно почитување. Имаме намера дополнително да ги развиваме. Воспоставуваме контакти на различни нивоа. Северна Кореја е наш многу важен сосед, посочи Песков.
САД и претходно предупредуваа дека Северна Кореја може да ја снабди Русија со оружје што ќе биде употребено во Украина. Вашингтон во текот на месецот воведе санкции против три организации поврзани со зделки за оружје помеѓу Северна Кореја и Русија.