Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во тек средба Ердоган-Путин посветена на заживување на договорот за извоз на жито

– Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган пристигна денеска во руското црноморско одморалиште Сочи, каде во тек е средбата со претседателот на Русија Владимир Путин, фокусирана на заживување на договорот за извоз на жито од Украина.

Ердоган  придружуван од голема делегација во која беа министрите за одбрана, надворешни работи, енергија и финансии на Турција, јави Анадолија.

Ова е прва средба меѓу двајцата лидери по реизборот на Ердоган за трет претседателски мандат во мај.

Во јули, Москва соопшти дека го суспендира учеството во договорот стар една година, со кој се создадени извозни коридори за десетици милиони тони жито и ѓубриво, и покрај руската поморска блокада на Украина.

Договорот, за кој Ердоган помогна да се испреговара, се смета за клучен за решавање на глобалната несигурност на храната и за ограничување на цените на житото. Украина исто така е силно зависна од заработката од извозот.

Но, Кремљ не беше задоволен од начинот на кој се спроведуваше пактот, официјално познат како Црноморска иницијатива за жито. Москва вели дека сака да се укинат бариерите за рускиот извоз на храна и ѓубрива во замена за понатамошна соработка и бара ослободување од западните санкции за плаќања, логистика и осигурување на бродови.

САД и ЕУ ги отфрлија жалбите на Москва како неосновани, велејќи дека нивните санкции не се насочени кон руското жито и ѓубрива. По завршувањето на договорот, Русија ги засили нападите со беспилотни летала и ракети врз пристаништата за жито во Украина и инфраструктурата за складирање. Украина вели дека во тој процес биле уништени и десетици илјади тони жито.

Во последните недели Киев успешно го организираше преминувањето на бродови низ коридорот на Црното Море и покрај заканата од напад.

Русија се закани дека ќе ги третира сите бродови што се закотвуваат на украинските пристаништа како потенцијални воени цели. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново