Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Стево има 71 година и остварува врвни резултати во пливање што му обезбедија настап на светското првенство на ветерани во Катар

71 годишниот Стево Анастасов е едниствениот Македонец со врвни резултати во пливање за ветерани со обезбеден настап на светското првенство на ветерани во Катар

Мирјана ВАСИЛЕВА

За Стево Анастасов, пензиониран професор по физичка култура, спорт и образование, при спортската гимназија „Методи Митевски-Брицо“ во Скопје, нема одмор. Тој одлучи своето знаење за пливачките спортови и искуството стекнато низ годините да им го пренесе и на помладите генерации. Како член на пливачкот клуб „Бисер“ секојдневно работи со најмладата детска полулација коишто се заинтресирани да  ги осознаат техниките на убавите водните спортови надевајќи дека можеби еден ден на оние најупорните  млади пливачи ќе им се оствари сонот да се натпреуваат во оваа спортска дисциплина на републичко, балканско, па и европско ниво, ни изјави Стево Анастасов.

Тој  несебично работи и со припадници на возрасната генерација кои што се заинтересирани за ваков вид активност, пред сѐ  за релаксација која значи здравје. И тоа не е сѐ. 71 годишниот Стево Атанасов е засега едниствениот Македонец којшто учествува на  регионални и европски  натпревари во пливање за ветерани и освојува победнички резултати, како предуслов за настап следната година и на светското првенство на ветерани во Катар.

Повод за разговор за порталот Рацин.мк со Стево Анастасов, секако е неговото  активно ветеранско пливачко искуство на турнирите во Србија, Хрватска и Словенија, во категоријата за ветерани до 70 години.

Неговиот рекорд на 50 метри слободен стил е 40,2 секунди. Првиот медал го освоил во 2017 години на турнир во Белград, а следната година го освои второто место. Во 2020 година, во истиот град, го повторува првичниот успех,  додека во  Хрватска минатата  година,  на мегународниот митинг во Сплит се натпреваруваше во две пливачки  дисциплини – слободен стил на 50 и на 100  метри и ги освои наградите за прво и второ место. Во Словенија, во Крањ  на ветеранскиот турнир, исто така го освои победничкиот медал и според критериумите и правилата за неговата  возраст и категорија се впиша  на 34 место на европската листа ветерани пливачи.

На прашањето кој е мотивот за неговата решителност  и упорност во подготовките за да ги оствари овие видливи резулати, Стево ни рече дека пред сѐ неговата инспирација ја наоѓа во својата душа, а тое е неисцрпнатата  љубов кон пливањето, како и вложениот голем труд, упорност и дисциплина да ги оствари поставените цели. Се потсетува дека  уште како дете мечател да биде пливач, а како средношколец и подоцна на факултетот за Физичка култура и спорт во Сарево, го зоакружил својот животен професионален предизвик.

– Идејата да се пријавувам на ваков тип на натпревари  ми се роди уште пред десет години. Оттогаш до денеска јас, имајќи ја во предвид мојата приховизичка и здарвствена добра состојба, почнав со секојдневно теренирање во олимпискиот базен по два часа пливање. Од 365 дена јас тренирам 320 дена, а неделите одмарам. Знаете пливањето е спорт во кој што не се поставени граници. Секој може да плива, од 5 до 95 години. За постигнатите досегашни резултати можам само да кажем дека се во границите на мојата возраст и сум повеќе од задоволен од нив, ни рече ветеранот Стево Анастасов.

Стево Атанасов на маратонот кај Тисно во Хрватска, на Јадранско Море

Стево Анастасов не запира. Оваа година реши да се докаже и на подолги патеки и на отворено море.

– На маратонот што во август се одржа на Јадранско Море, во Тисно кај Шибеник, ја испробав среќата на отворено море и да се натпреварувам на 1500 метри. Бев 4 и на мое големо изнанедување, ни вели Атанасов.

За Стево Анастасов најголема желба е да  учествува на  светското првенство за ветерани пливачи што идната година ќе се одржи во Катар, бидејки веќе според постигнатите резулати тој официјално  ги исполни  сите услови за ваков тип натпреварување. На послендото светско првенство што предминатата година се  се одржа во Рим, поради  некомплетна  апликација,  не можеже да се натпреварува, а на светското превенство во Јапонија лани не замина бидејки немаше доволно финасиски средства за да го покрие патот и учеството.

– Првенството за ветерани е секогаш добра можност за дружење, но и за проверка на формата, бидејќи факт е дека со годините опаѓа ако не сте посветени на пливањето и на активното натпреварување. Пливањето е едноставно начин да се грижиме за физичкото и ментално здравје, бидејќи честопати служи како издувен вентил на крајот од напорната работна недела. Затоа ми е особено драго што на овој начин се „тестирам“ и докажувам дека со труд и волја сепак можете да постигнете одлични резултати, што е најдобрата порака до нашите млади генерации пливачи, изјави  нашиот соговорник, инаку член на Федерацијата на Макеоднија и претседател на Градскиот огранок на ветерани на  Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен