Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОН: Субсахарска Африка е новиот епицентар на исламскиот екстремизам

Новиот глобален епицентар на исламскиот екстремизам се наоѓа во субсахарска Африка, каде што се повеќе членови им се приклучуваат на екстремистичките групи од економски причини, а се помалку од религиозни причини, објави денеска Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Во соопштението се наведува дека има зголемување на бројот на нови членови, 92 отсто, кои од економски причини се приклучуваат на вооружени екстремистички групи во однос на претходниот извештај од 2017 година.

Во исто време, бројот на луѓе кои се приклучуваат на екстремистички групи од религиозни причини е намален за 57 проценти. Животите на голем број африкански жители биле погодени од пандемијата на корона вирусот, високата инфлација и климатските промени, се вели во извештајот на УНДП.

Извештајот се заснова на одговорите на околу 2.200 испитаници од осум африкански земји, Буркина Фасо, Камерун, Чад, Мали, Нигер, Нигерија, Сомалија и Судан.

Повеќе од 1.000 испитаници се поранешни членови на екстремистички групи, без разлика дали се приклучиле доброволно или биле насилно регрутирани. Низ Африка, од 2017 година се регистрирани 4.155 напади, при што загинаа 18.417 луѓе, а најголем број е во Сомалија.

Извор МИА

Зачлени се на нашиот е-билтен