Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Првиот и единствен македонски воздухоплов „Илинденка“ ќе биде изложен на аеромитингот по повод 100 години македонска авијација

Пилотот Ѓорги Тосков-Жоро пред пробниот лет со „Илинденка“
Пилотот Ѓорги Тосков-Жоро пред пробниот лет со „Илинденка“

На аеромитингот кој ќе се одржи во сабота, 16 септември по повод 100 години македонска авијација, ќе биде изложен и единствениот Македонски воздухоплов дизајниран и произведен од членови на Аероклубот – „Илинденка“, „светиот грал“ на македонското воздухопловство.

Во Македонија мошне малку или воопшто не е познато дека во почетокот на 1950-те години во Скопје била формирана фабрика за воздухоплови во која се изработувале едрилици кои биле меѓу најдобрите во светот.

Љубомир Тевчев, конструкторот на „Илинденка“

Реномираниот конструтор Љубомир Тевчев го основал првото препријатие за воздухоплови под името „20 Мај“ кое било лоцирано во близина на локацијата на сегашната гимназија „Јосип Броз Тито“, а првиот лет со едрилицата „Илинденка“ го извел пилотот Ѓорги Тосков-Жоро во 1955 година.

Следело и сериското призводство кое, во првиот период, било со уште две едрилици. Вака изградените едрилици биле испраќани ширум поранешната СФР Југославија, но се разбира, први ја пробале македонските едриличари. Тогашните едриличари од југословенските простори во суперлатив говореле за перформансите на македонската едрилица.

Врз основа на сите постигнати резултати, подоцна е изработена е нова едрилица „Илинденка 1 Т“, за учество на Светското едриличарско првенство, одржано во Полска во 1958 . На ова првенство едрилицата се пласирала на високото 8 место, во класата на стандардни едрилици.

Подготовки за првиот лет на „Илинденка“

Редакција Трн.мк

Повеќе на Википедиа

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново