Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ на Меѓународниот ден на демократијата: Да им го исполниме европскиот сон на младите да бидат Европјани во својата татковина

„Ова е време во кое имаме обврска силно да се вложуваме за да ги чуваме и развиваме демократските принципи на еднаквост, вклученост и солидарност, во кое посебно место имаат младите и идните генерации, како што порачува централната тема на годинешниот Меѓународниот ден на демократијата“, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата.

Маричиќ во својата објава истакнува дека „наша обврска е на нашите младинки и младинци да им го обезбедиме исполнувањето на европскиот сон во својата држава. Да бидат Европјани, граѓани на ЕУ, во својата татковина. Иднината на младите започнува денес и таа треба да им биде обезбедена со храбри одлуки кои треба да ги донесеме ние, политичарите кои имаме обврска да им обезбедиме подобро утре“.

Меѓународниот ден на демократијата потсетува, пишува во својот текст на социјалните мрежи вицепремиерот Маричиќ, дека „демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права се во основата на отпорните, инклузивни и сигурни општества. Општества на граѓани на кои им е загарантирана слободата и достоинството, како и прогресот и одржливиот развој на нивната заедница“.

„Меѓународниот ден на демократијата истовремено е и повод да опстоиме во потрагата по демократски одговори на заканите во време на тензии и превирања“, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата..

Зачлени се на нашиот е-билтен