Поранешниот премиер кој е во бегство во Будимпешта, Никола Груевски тврди дека немало никакви тајни средби со лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговиот наследник, Зоран Заев на кои се разговарало за измени во Кривичниот закон. Вечерва и Заев негира дека таква средба се случила. Не е точно дека сум имал тајни средби со Али Ахмети и Никола Груевски за Кривичниот законик, изјави поранешниот премиер Зоран Заев за ТВ 24, откако неговиот поранешен коалициски партнер Али Ахмети, истакна дека на тајни средби се догаварале контроверзните измени на Кривичен со кои паѓаат во вода делата за кои се гонат функционери.
– Не е точно дека сум имал тајни средби со Ахмети и Груевски и сум договарал измена на Кривичниот законик. Изјавата на Ахмети не е вистина – изјави Зоран Заев за еден медиум.
По последните информации за измените во Кривичниот закони и измените во Законот за амнестија, поранешниот македонски премиер Никола Груевски се јави на својот фејсбук-профил и побара од Стево Пендаровски да каже кој барал аменситија за него. Во постот Груевски вели дека со актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема никаква комуникација.
Членот 353 како несоодветен на кривичното законодавство во ЕУ е споменуван неколку пати на маргините на други состаноци организирани за правни прашања на различни нивоа до 2018 година, но никогаш не се влезе во некоја фаза на реализација, бидејќи во тоа време приоритет на власта беше што посилен да е политичкиот прогон, а не усогласување на законодатвстото со ЕУ, особено ако тоа може да им попречи во злосторничките намери на Зоран Заев.За средбите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прекинало “пред 3-4 години” како што наведе Али Ахмети во неговото интервју, не можам да се произнесам бидејќи во тој период јас не сум во Македонија, а по моето заминување од Македонија новото раководатво целосно ме екскомуницираше и немам никаков контакт или информација за нивните активности и одлуки, освен од медиумите. Оттука сите оние кои говорат за некакви мои контакти, комуникација, средби, или влијание на одлуките на ова раководството на ВМРО-ДПМНЕ, се онолку неточни колку и истите такви лаги дека во изминатиот период сум имал наводни средби со преставници на власта, за преговори за едно или за друго прашање. Од никого не сум побарал да бара амнестија за мене кај актуелниот претседател на Македонија Пендаровски. Го повикувам претседателот на републиката кој даде изјава дека некои лица разговарале со него за моја амнестија, да соопшти јавно кој му барал амнестија за мене, вели Груевски преку социјалната мрежа Фејсбук.
Преземено од порталот Слободен печат
–