Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Украинска новинарка побара признавање на косовската независност; САД нема да дозволат „Република Српска“ во Косово, Рама и Зеленски потпишаа декларација за безусловна поддршка за Украина

Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер изјави дека САД очекуваат и Косово и Србија да ги спроведат сите обврски преземени со Охридскиот договор, и дека САД нема да дозволат нова „Република Српска“ во Косово, пренесуваат косовските медиуми. Албанскиот премиер Еди Рама и украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишаа заедничка изјава за безусловна поддршка на Украина, пишуваат албанските медиуми.

Ова е дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Газета Експрес – Украинска новинарка побара признавање на независноста на Косово: Мора да се бориме против руската пропаганда

„Украинската новинарка Ирина Синелник, која побара да се признае независноста на Косово, од нејзината земја ги покажа тешкотиите во известувањето по руската воена агресија која започна во февруари 2022 година.

Синелник во една статија вели дека локалните медиуми се неопходни за известување во време на војна. Тие често се единствените извори на информации за жителите на заедницата, токму локални информации. И ова е фронт, само информативен“, напиша Синелник.

Таа истакнува дека социјалните мрежи и телевизијата биле главните извори на информации во тоа време.“, пренесе Газета Експрес.

Ора Њуз -Ховениер: САД нема да дозволат Заедница како Република Српска! Чекорите на Косово за подобрување на ситуацијата, недоволни

„Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер изјави дека САД очекуваат и Косово и Србија да ги спроведат сите обврски преземени со Охридскиот договор за нормализација на односите. Според него, Косово треба да почне да го придвижува Заедницата на општини со српско мнозинство и „ова треба да биде меѓу првите чекори“, пренесе Ора Њуз.

Бота Прес – Вучиќ му одговори на Свечла: Ќе видиме кој кого ќе уапси, кој последен се смее, најслатко се смее

Александар Вучиќ реагираше до министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, кој предупреди дека српскиот претседател може да биде уапсен доколку без дозвола влезе во Косово.

„На крајот ќе видиме кој кого ќе уапси“, рекол Вучиќ од Њујорк, пренесуваат српските медиуми.

По последната средба со премиерот на Косово, Албин Курти во Брисел, Вучиќ предупреди на можноста да ја посети Грачаница, но, како што рече, доколку му биде дозволен влез, пренесуа Бота Прес.

АЛБАНИЈА

Дебат: Рама и Зеленски потпишаа декларација за безусловна поддршка за Украина

Премиерот на Албанија, Еди Рама, потпиша заедничка изјава со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за безусловна поддршка на Украина.

Оваа декларација беше потпишана во седиштето на Организацијата на Обединетите нации во Њујорк среда, пренесе Дебат.

АБЦ Њуз -Амбасада на САД: Не е наша должност да избираме кој ќе ги води политичките партии во Албанија

Американската амбасада овој четврток реагираше во врска со судирите во Демократската партија за шефот на пратеничката група на Демократската партија.

Во одговорот на амбасадата се наведува дека тие веруваат дека функционалните демократски институции, вклучително и опозицијата, се од витално значење за секоја здрава демократија.

Во реакцијата се нагласува и дека улогата на амбасадата не е да избира кој ги води политичките партии во Албанија, пренесе АБЦ Њуз.

КОЛУМНА

ИНА: Тајното танго помеѓу  СДСМ-ВМРО, пазарењата за Груевски, Мијалков и останатите од бандата!

„Јавната пресметка меѓу шефовите на ВМРО, Христијан Мицковски и Никола Груевски за валканите зделки со власта, јасно покажува дека нешто се подготвува за простување и амнестија на големиот криминал.

Како што изгледа, сценариото и пазарењето е според сегашните стандарди: „Ви простуваме и амнестираме за минатото, а во иднина не чепкајте“.

Сето тоа благодарение на патот кон, и вредностите во ЕУ. Наше е да ја затвориме целата нечистотија пред да влезам во ЕУ!“, пишува авторот Насер Пајазити во колумната „Тајното танго помеѓу  СДСМ-ВМРО, пазарењата за Груевски, Мијалков и останатите од бандата!“, објавена во ИНА.

Подготви: Д. Тахири  / Цивил Медиа

Најново