Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ескобар: Не гледам никаква пристрасност кај Лајчак

 Пратеникот на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека „не гледа докази за пристрасност“ кај специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, јави дописникот на МИА од Белград.

„Не наоѓам никакви докази за дослух при работата за да ги фаворизира интересите на Србија во ова“, рече Ескобар во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој додаде дека САД очекуваат двете страни да ја зајакнат својата посветеност и Приштина да „покаже повеќе прагматизам и реализам во нејзиниот пристап кон ЕУ“.

На прашањето што гледа како излез од ќорсокакот во кој моментално се наоѓа дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ескобар одговори дека во моментов нема алтернатива за дијалогот, дека е важно двете страни да продолжат да се држат до дијалогот и ја повика Приштина да биде поконструктивна.

Зборувајќи за мерките што Европската Унија ги воведе кон Косово, тој рече дека тоа се последиците.

-Не би рекол мерки, би рекол последици. И ќе ви кажам дека последиците со кои се соочува Косово се дека ако одбијат да соработуваат со ЕУ, ЕУ нема да се вклучи во дополнителна помош и дополнителни мерки за интеграција, изјави Ескобар.

Тој изрази надеж дека, барем билатерално, САД ќе можат да соработуваат со Приштина за да изнајдат начин за отстранување на овие мерки во 2024 година.

Ескобар одговори негативно на прашањето дали има рок за тоа и посочи дека овие мерки се на неопределено време додека не се постигне напредок во спроведувањето на Охридскиот договор и планот за деескалација. 

Зачлени се на нашиот е-билтен