80 години од првиот училиштен час на мајчин македонски јазик

За време на Втората светска војна, на 23 септември 1943 година, додека низ Македонија се спроведувале операциите за борба против фашистичкиот окупатор, на ослободената територија во селското училиште во Подвис, Кичевско за првпат се одржала настава на македонски јазик.

За прв учител бил наименуван Василко Ристески од Подвис. На првиот ден при почнувањето на мајчин македонски јазик, учителот Василко Ристески им рекол: „Деца, отсега натаму ќе си учите на вашиот мајчин македонски јазик. И ќе си се поздравуваме на македонски јазик.“

На првиот час присуствувале седум ученици, а потоа во наредните денови се вклучиле и други нивни врсници.

Секој ден, при влегувањето на учителот во училница, тој поздравувал со: „Смрт на фашизмот“, а децата одговарале со: „Слобода на народот“.

Зачлени се на нашиот е-билтен