Од Константинопол до Истанбул: еден град, две империи

Константинопол

Музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон ја отвори изложбата „Од Константинопол до Истанбул: еден град, две империи“, која ја следи историјата на градот од неговото основање во 330 година од нашата ера, па сè до крајот на Отоманската империја во 1922 година, извести грчки Катимерини.

Изложбата, чиј куратор е Тим Стенли, опфаќа повеќе од 200 предмети од самиот музеј и од други институции, меѓу кои Британскиот музеј, Ватиканските музеи и Музејот „Бенаки“.

Поставката е организирана во четири целини.

Таа започнува со одлуката на Константин да го премести седиштето на Римската империја на стратешка локација помеѓу Европа и Азија; тука се изложени фрагмент од мозаик од 6-ти век, пронајден во Големата палата, како и бронзена змиска глава од Змискиот столб, кој бил пренесен од Делфи на Хиподромот.

Весникот „Гардијан“ направи споредба помеѓу иконата на Света Евдокија и едно дело на Густав Климт, додека „Фајненшел тајмс“ ја опиша изложбата како „заслепувачка“.

По освојувањето на градот во 1453 година, портретот на Мехмед II, изработен од Белини (од колекцијата на Националната галерија), сведочи за интересот на отоманскиот двор кон западната уметност.

Изложбата завршува со приказ на отоманските бањи и кафеани. Таа е отворена за посетители до 9 мај.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?