Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Европскиот парламент утре ќе дебатира за Србија и Косово

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент утре ќе расправа за извештаите за Србија и Косово, во кои ја повторуваат целосната поддршка за специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина и ги повикуваат Србија и Косово да работат во духот на компромисот да се постигне сеопфатен правно обврзувачки договор за нормализација на односите во согласност со меѓународното право, пренесе Бета.

Србија и Косово се повикани целосно да ги имплементираат сите релевантни договори, „вклучувајќи го и формирањето асоцијација/заедница на општини со српско мнозинство“.

И двата извештаи ги осудуваат сите дејствија што ја загрозуваат стабилноста и го доведуваат во прашање процесот на помирување, изразуваат сериозна загриженост за тензиите на северот на Косово и пукањето на Божиќ и потсетуваат на заедничката одговорност за мирот и владеењето на правото за сите луѓе во Косово.

Во нацрт-извештајот се изразува жалење за континуираното ниско ниво на усогласеност со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, особено во контекст на војната во Украина, и посочува дека Србија, како кандидат за ЕУ, мора да се придржува до принципите и политиките на ЕУ и дека усогласувањето со автократскиот режим што поттикнува војна е неприфатливо.

Изразено е жалење и поради фактот што клучните компоненти на надворешната политика на Србија се директно спротивставени на позициите на ЕУ.

Кога станува збор за основните слободи и човекови права, од српските власти се бара да ги интензивираат напорите за заштита на човековите права и жалат за стагнацијата во областа на слободата на изразување, случаите на говор на омраза и кампањи за клевета, како и за зголемувањето на бројот на SLAPP тужби.

Српските власти, исто така, се повикани да се борат против хибридните закани и да се усогласат со одлуката на Советот за прекин на емитувањето на Спутник и РТ, како и да се борат против дезинформациите, вклучително и манипулативна содржина против ЕУ.

Во таа област, исто така, се изразува загриженост за доцнењето во спроведувањето на медиумската стратегија и бара од владата да ја подобри транспарентноста на сопственоста и финансирањето на медиумите.

Од српските власти се бара и да подготват кредибилен план за намалување на зависноста од руските фосилни горива.

Истовремено се изразува загриженост за влијанијата врз животната средина од новите инфраструктурни проекти на кои работат кинески компании во Србија и ги повикуваат властите да одговорат на легитимната загриженост од еколошките протести.

Автор на извештајот за Србија со предложената резолуција е Владимир Билчик, а за Косово Виола фон Крамон-Таубадел.

Зачлени се на нашиот е-билтен