Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Германските експерти за клима предупредуваат дека границата од 1,5 степени најверојатно ќе се надмине

Германските експерти за клима предупредуваат дека последиците од глобалното затоплување ќе имаат огромно влијание врз животот на Земјата, укажувајќи на рекордниот број екстремни временски настани како што се поплави, топлотни бранови и шумски пожари што се случија оваа година.

Можноста да се стабилизира климата со релативно мал напор е пропуштена, изјавија денеска експертите, на почетокот на конференцијата за екстремни временски услови во Хамбург.

– Мораме да прифатиме дека границата од 1,5 степени ќе биде надмината. Тоа значи дека Парискиот договор практично не успеа во оваа точка, рече Јохем Маротцке, раководител на Институтот за метеорологија Макс Планк.

– Ова, исто така, значи дека затоплувањето под границата од два степени ќе биде можно да се задржи само со огромни напори. Во моментов, ние сме на пат кон свет со плус три степени до крајот на векот, рече тој.

На климатската конференција на Обединетите нации во Париз во 2015 година, светските лидери се согласија да го ограничат глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа за да се избегнат најлошите влијанија од климатските промени.

Екстремните временски настани во 2023 година ја менуваат играта, велат експертите.

– Никогаш досега глобалните температури на воздухот и водата не биле толку високи како оваа година. Никогаш досега рекордите за топлина и шумските пожари не достигнале толку високи нивоа како во 2023 година, се вели во соопштението.

Температурите на водата за пет до шест степени повисоки во медитеранскиот регион доведоа до рекордно ниво на испарување и последователни врнежи во Европа и Северна Африка, се нагласува во извештајот.

Најново