Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шолц: Самитот ја покажа силата на регионот во Унијата, време е Белград и Приштина да ги надминат конфликтите

Германскиот канцелар Олаф Шолц, во исто време „архитект“ на Берлинскиот процес, изјави дека самитот на Берлинскиот процес ја докажал непобитната важност на Западен Балкан во Европската Унија.

Според Шолц, влијанието на договорите потпишани минатата година во рамки на Берлинскиот процес е конкретно и се очекуваат други. Меѓутоа, по агресијата на северот на Косово, дојде време да се надминат конфликтите кои го оставаат регионот во место.

-Почитувани колеги кои се собравте овде, знаеме дека имаме многу необична ситуација недалеку од нас со агресијата на Хамас врз Израел и сите последици што таа ги има и ќе ги има. И да, дури и повеќекратните кризи овде во регионот на Западен Балкан ја истакнаа итната потреба да се работи заедно и да се надминат антагонизмите. Време е да ги надминете конфликтите кои предолго ве кочат и ве остваат на нулта точка. Неодамнешните ескалации на северот на Косово докажаа колку е ова важно. Конечно ќе ја завршиме имплементацијата на договорите постигнати преку дијалогот за нормализација што го води ЕУ. И јас сум многу задоволен што за првпат овој самит се организира во земја на Западен Балкан,рече тој, пренесува Топ чанел.

Оцени дека „тоа е силен сигнал кој во овој случај ја покажува сопственоста што регионот ја има во овој процес“ и додаде дека „мора да ја искористиме оваа можност да се фокусираме на сите општества на Западен балкан и тоа е интеграција и понатамошен напредок на патувањето кон ЕУ“.

-Минатата година направивте некои големи чекори во потпишувањето на три договори за мобилност и многу сум благодарен што четири од шест земји досега ги ратификуваа. Нивното влијание врз граѓаните на Западен Балкан е навистина конкретно бидејќи граѓаните можат да се движат со лична карта, можат да студираат. Напредокот што ќе го имате во однос на внатрешниот регионален развој е навистина важен и за ова можете да се потпрете на Германија, на нашата влада. Ова е берлински процес, ајде да продолжиме за сè да направиме реалност, рече Шолц. 

Зачлени се на нашиот е-билтен