„Данокот на солидарност, односно тоа законско решение се носеше низ еден транспратентен и инклузивен процес, разговаравме со сите засегнати страни, разговаравме со коморите, со интелектуалната фела,работна група постоеше од сите институции кои беа дел од тоа законско решение и сето она кое што ќе се собере од данокот на солидарност ќе оди во еден пакет на антокризни мерки за да се реализира помош на оние на кои што им е најпотребна,“ истакна директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на Македонската Телевизија.
Лукаревска посочи дека ова не е нешто ново во европската регулатива,туку е законско решение и принцип на делување во Велика Британија, Хрватска, Италија.
„Станува збор за компании кои што во својот даночен биланс и имаат доставено соодветни податоци и остварено приход над 10 милиони евра во 2022 година.Тоа е едниот критериум , а другиот критериум е дека тој приход бил за 20 отсто повисок од приходите остварени во последните четири години,“ рече Лукаревска.
Таа потсети дека рокот за плаќање првично беше 25 октомври, како и дека досега 99 даночни обврзници имаат извршено плаќање на овој данок, дел од компаниите имаат направено делумно уплата.
Не беше поентата да објавиме дека ние ќе ги блокираме сметките туку дека има соодветни законски рокови, се со цел да не се изгуби таа соодветна динамика.
Лукаревска информираше дека со данокот на солидарност треба да се обезбедат три милијарди и единаесет милиони денари. Според расположливите податоци повеќе од 2/3 од компаниите ги подмириле обврските , а остануваат уште околу 1/3 од компаниите.
„Еден од поуспешните проекти е Мој ДДВ и сосема си го оправда своето постоење. Ние од денес почнуваме со исплата за претходното тромесечје. За третото тромесечје од 2023 година, повратот ќе биде околу 790 милиони денари, а ќе се однесува на 459.670 корисници на оваа мерка. Бројката на корисници се зголемува и им благодарам на граѓаните кои се наши инспектори кои што пријавуваат и овозможуваат да се бориме со сивата економија,“ истакна Лукаревска на Македонската Телевизија.
Лукаревска посочи дека повратот на ДДВ од наредната година може да биде и повисок од моменталниот од 2100 денари, односно тој постепено да се зголемува.
„За пофалба е приходот кој што одредени наши граѓани го имаат остварено во странство го платиле тука и допринеле во буџетот на нашата држава,“ рече Лукаревска.
Таа истакна дека во делот на наплатата на данокот на добивка и данокот на личен доход е прибрано и повеќе од она кое што беше согласно направениот план и анализи.
Актуелни сме на терен, секојдневно, кај различни целни групи, на различни подрачја. Работиме и по пријави од страна на граѓаните, пријава и од други наши сродни институции. Сметам дека издавањето на фискални сметки е она кое што треба да биде белег на нашата држава, затоа што тоа е и пракса во европските земји,“ истакна Лукаревска.
Таа посочи дека некогаш е потребно неколкукратно проверување како што е случајот со Пластичарската улица и Старата скопска чаршија.