Доктор Василевски го прекина шестдневниот штрајк со глад

Докторот Дарко Василевски го прекина шестдневниот штрајк со глад пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, кој го започна поради, како што тврдеше, дискриминација при постапка за вработување.

Василевски соопшти дека одлуката ја донел по разговор со деканот на Медицинскиот факултет и по шест дена поминати пред факултетот.

„Си одам со нарушено здравје, но горд на себе“, порача Василевски по завршувањето на протестот.

Тој претходно изрази незадоволство од исходот на оглас за вработување двајца доктори по медицина на неопределено време во Институтот за медицинска и експериментална физиологија со антропологија, тврдејќи дека бил дискриминиран врз основа на возраста.

Василевски наведе дека за време на штрајкот очекувал институциите да побараат решение за неговиот случај и да разговараат со него.

По прекинот на штрајкот најави дека постапката за која тврди дека не била фер и транспарентна ќе биде предмет на проверка пред надлежните инспекциски и судски органи.

Тој порача дека ќе продолжи да работи во медицината и да го усовршува своето знаење и искуство.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?