Руски дрон погоди зграда кај Киев, се бараат луѓе под урнатините

Киев
Фото: EPA/

Две лица, меѓу кои тинејџер, се повредени откако руски дрон погоди петкатна станбена зграда во населбата Димер, во Киевската Област. Спасувачите евакуирале девет жители, вклучително и едно дете, а потрагата по луѓе под урнатините продолжува.

Во нападот на 22 ноември е урнат дел од зградата од првиот до петтиот кат. Според поновата информација што ја пренесе „Киев Влада“, повикувајќи се на регионалната спасувачка служба, под урнатините можеби се наоѓаат осум лица. Процената е прелиминарна.

Повредениот тинејџер, роден во 2010 година, е пренесен во болница со повеќе рани од шрапнели на раката. На 22-годишна жена со исеченици на стапалото ѝ била укажана медицинска помош на местото на нападот, соопшти регионалната воена администрација.

Екипите ги расчистуваат урнатите конструкции и ги пребаруваат остатоците од зградата. Во операцијата се вклучени спасувачи, тимови со кучиња трагачи, пиротехничари и инженерска механизација. Поставен е и пункт за помош на погодените жители.

Од ударниот бран се оштетени и блиска градинка и продавница. Надлежните служби продолжуваат да ги утврдуваат последиците од нападот во Димер, кој се наоѓа во Вишгородскиот реон на Киевската Област.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?