СДСМ бара одговор каде ќе одат парите за вториот пензиски столб

СДСМ побара премиерот Христијан Мицкоски да објасни зошто, според предлог-измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување објавени на ЕНЕР, се предлага бришење на членот 120, кој ја утврдува стапката од шест проценти за вториот пензиски столб.

Опозициската партија предупредува дека, доколку распределбата не се уреди со друга законска одредба, се отвора прашањето каде ќе завршуваат средствата на осигурениците.

„Христијан Мицкоски треба да излезе и да одговори пред граѓаните зошто се брише оваа одредба, каде ќе се насочуваат средствата и што ќе значи промената за идните пензии на осигурениците“, порачуваат од СДСМ.

Од СДСМ тврдат дека предложената промена создава неизвесност за пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани. Партијата го отвора и прашањето дали бришењето на одредбата е најава за нарушување на функционирањето на вториот столб.

Во соопштението се изнесуваат и обвинувања за финансиската состојба на Фондот на ПИОМ. Според СДСМ, во Фондот недостигаат близу една милијарда евра, а во изминатите месеци околу 50 милиони евра не биле префрлени во вториот столб. Партијата тврди дека власта не одговорила на пратеничкото прашање за овие средства.

Од опозицијата бараат јасно објаснување за идната распределба на придонесите и за последиците од предложените измени врз осигурениците.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?