Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израелската армија се судри со борци на Хамас во близина на болница во Газа

 Израелската војска соопшти дека нападнала милитанти во близина на болница во градот Газа, во северниот дел на Појасот Газа, пренесе ДПА.

Милитантната група планирала напад врз израелските вооружени сили од зграда до болницата, соопшти армијата денеска на Телеграм.

Израелските сили вчера презедоа контрола врз „воено упориште“ на Хамас во северниот дел на Појасот Газа, соопшти денеска армијата. На локацијата се пронајдени ракети и ракетни фрлачи, се вели во соопштението.

Армијата соопшти дека планира да го зголеми притисокот во градот Газа, кој сега е опколен од израелските сили.

Појасот Газа е речиси целосно затворен од Израел откако борците на исламистичкото екстремистичко движење Хамас почнаа напад врз израелските заедници на 7 октомври, при што загинаа повеќе од 1.400.

Бројот на убиени Палестинци во Газа од почетокот на војната се искачи на 10.022, соопшти Министерството за здравство под контрола на Хамас. 

Зачлени се на нашиот е-билтен