Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

УНРВА: Ситуацијата во Газа е „трагедија со колосални размери“

Газа
Газа

– Ситуацијата во Појасот Газа е „трагедија со колосални размери“, оцени денеска Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), еден месец по почетокот на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

УНРВА во објава на мрежата „Икс“ објави дека еден месец на луѓето низ Појасот Газа им била ускратена помош и поради бомбардирањето се принудени да ги напуштат своите домови.

„Секој ден се борат да добијат леб и вода. Замрачувањата ги делат луѓето од нивните најблиски и остатокот од светот. Ова е принудно раселување и хуманитарна трагедија со колосални размери“, се наведува во објавата на УНРВА на „Икс“. 

Најново