Австралискиот премиер Ентони Албанес денеска во Пекинг се сретна со Ли Кечијанг, еден ден по средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг.
Албанес на средбата со Ли потенцира дека е за „целосно продолжување на слободната и непречена трговија“ со Кина. Тој истакна дека со Ли ќе разговараат за „целосното продолжување на слободната и непречена трговија меѓу нашите две земји“, како и „начините за обликување на мирен, стабилен и просперитетен регионален и светски поредок“.
– Кина е подготвена да реализира стабилно и одржливо проширување на сеопфатното стратешко партнерство со Австралија, изјави Ли.
Претседателот Си Џинпинг на вчерашната средба со Албанес наведе дека стабилните врски меѓу Кина и Австралија им служат на интересите на двете земји и дека Пекинг и Канбера треба да ја прошират соработката, испраќајќи јасен сигнал дека Кина е подготвена да ги надмине неодамнешните тензии.
Кина ги укина трговските ембарга за повеќето австралиски извози што беа воведени во 2020 година по повикот на Австралија за меѓународна истрага за потеклото на Ковид-19. Додека Канбера го обвинуваше Пекинг за мешање во австралиската политика, потсетува АП.
Разликите меѓу двете земји се должат и на зголемените безбедносни врски на Пекинг со островските држави во Тихи Океан. Партнерството на Австралија во рамките на групата САДЦ со САД, Индија и Јапонија во Индо-пацифичкиот регион, исто така, ја загрижува Кина.
Албанес ја почна четиридневната посета на Кина на 4 ноември. Тоа е прва посета на австралиски премиер на Кина од 2016 година.