Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Еврејски глас за мир“ од Њујорк ја окупираа Статуата на слободата со повик за прекин на огнот во Газа

Околу 500 американски еврејски активисти мирно ја окупираа Статуата на слободата во Њујорк од каде повикаа за  прекин на израелското „геноцидно бомбардирање“ на цивилите во Газа и прекин на огнот.

Облечени во црни маици исцртани со пароли „Евреите бараат прекин на огнот сега“ и „Не во наше име“, демонстрантите од еврејската група „Еврејски глас за мир“ во понеделникот развиoрија транспаренти на кои пишува „Целиот свет гледа“ и „Палестинците треба да бидат слободни“ на платото светски познатиот споменик пред  Њујорк.

„Како американски Евреи, многу од нашите семејства беа пречекани од Статуата на слободата додека бегаа од погроми. Некои беа пуштени, но други беа одбиени. Нашата влада има долга историја на соучесништво во геноцидно насилство. Токму сега, додека израелската влада води геноцидна војна против Палестинците во наше име, со нашите даночни долари, ги повикуваме нашите политички лидери да направат поинаков избор.“, пишува на ФБ страницата на организацијата „Еврејски глас за мир“.

Извор (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен