Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Распишана меѓународна потерница по членка на Пуси рајот поради намерно ширење лажни информации за руските вооружени сили

 – Судот во Москва распиша меѓународна потерница по членката на групата „Пуси Рајот“ Луција Штејн поради, како што се наведува, намерно ширење лажни информации за руските вооружени сили.

Од почетокот на агресијата врз Украина, Русија усвои низа закони кои предвидуваат ригорозни казни „за дискредитација на вооружените сили или ширење лажни вести за нив“.

Штејн ќе биде уапсена веднаш штом стапне на руско тло.

Бендот „Пуси Рајот“ стана меѓународно познат откако членовите со фантомки на главите упаднаа во храмот Христос Спасител во Москва во февруари 2012 година и пееја песна против рускиот претседател Владимир Путин.

Дваесет и седумгодишната Штејн, како и другите членови на групата, неколку пати беше апсена во Русија поради учество во протести. На протестите во декември 2021 година, заедно со уште една членка на бендот Марија Аљохина, стапија во штрајк со глад. 

Зачлени се на нашиот е-билтен