Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Исламска држава ја презеде одговорноста за експлозијата на минибус во Кабул во која загинаа седум лица

Екстремистичката група Исламска држава (ИД) денеска ја презеде одговорноста за експлозијата на минибус доцна синоќа во Кабул, во која загинаа седум лица, а 20 беа ранети.

Експлозијата се случи во областа Дашти Барчи во Кабул, која е населена со шиитски муслимани, за кои се верува дека биле главната цел на нападот.

Ова е втор напад во областа во последните недели, а претходниот беше на крајот на октомври кога загинаа четири лица загинаа, а седум беа ранети.

Населбата Дашти Барчи беше честа мета на милитантите од Исламската држава, која изврши бројни напади врз локални училишта, болници и џамии.

ИД е главниот ривал на талибанците откако ја презедоа контролата врз Авганистан во август 2021 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен