Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кристална ноќ – 85 години од симболичниот почеток на Хитлеровото грозоморно „Конечно решение“

Кристалната ноќ, или Ноќта на скршеното стакло (9 и 10 ноември 1938 година) е масовен погром против Евреите, организиран од страна на Нацистичката партија, а спроведен од СА – паравојската на Нацистичката партија, како и од Хитлеровата младина (Hitlerjugend) – младинската организација на истата. Германските власти и полиција немо го посматрале настанот, без никаква интервенција.

Името Kristallnacht – Кристална ноќ доаѓа од искршеното стакло кое ги прекрило улиците по кршењето на прозорците на дуќаните, куќите и синагогоите кои биле во сопственост на Евреи. Како повод за овие напади, нацистите го искористиле атентатот врз германскиот дипломат Ернст фон Рат, извршен од страна на 17 годишен Евреин, родум од Германија.

Во погромот се уништени 267 синагоги во Германија, Австрија и во Судетите. Оштетени или уништени се над 7000 дуќани и бизниси на Евреи, 30.000 Евреи се уапсени и затворени во концентрациони логори.

За време на Кристалната ноќ се убиени 91 Евреин, а ако се додадат оние кои починале заради последици на мачењата и самоубиствата, бројот достигнува 638 лица.

Историчарите ја гледаат Кристалната ноќ како увертира за Конечното решение и убивањето на 6 милиони Евреи за време на Холокаустот.

На германски: Оној што го носи овој знак е непријател на народот

Деветти ноември се одбележува како меѓународен ден против фашизмот и антисемитизмот. Одбележувањето на овој ден останува релевантно затоа што новите форми на нацизмот, фашизмот и антисемитизмот повторно се во пораст на многу места во светот. Исто така и антифашистичката идеја.

Редакција Трн

Најново