Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Богоев од Кореја: Македонската Царина како лидер во регионот добива пристап до нови 10 милиони долари за развојни проекти од корејската Влада

Со новите меморандуми за соработка помеѓу македонската и корејската царина, Царинската управа на Северна Македонија доби пристап до нов фонд до 10 милиони долари за развојни проекти.

Од македонска страна, меморандумите беа потпишани од страна на директорот на Царинска управа Стефан Богоев, кој е во дводневна работна посета на Царинската служба на Република Кореја, што се реализира како дел од неодамнешниот Меморандум за соработка во рамки на кој на македонската Царина и беа доделени 4,8 милиони долари грант за развој и имплементација на систем за унапредување на анализата на ризик со база на податоци.

„Користењето на вештачка интелигенција за селекција на сомнителни декларации од базата на податоци е во насока на прибирање повеќе приходи во Буџетот како и сузбивање на криминалот и корупцијата. Воспоставувањето на овој систем ќе овозможи подобро таргетирање декларации во кои постои ризик за плаќање давачки во помал износ од реалната цена на стоката, ризик од погрешно царинско распоредување или ризик од неточно пријавување на потеклото на стоката“, истакна Богоев.

За време на посетата експертите од корејска Царина презентираа како функционира во пракса тамошниот систем за анализа на ризик преку користење вештачка интелигенција и управување со големи сетови на податоци.

Воедно беше презентиран и информатичкиот систем за обработка на царинските декларации, како и софтверските решенија за обработка на увозот и извозот на мали пратки во е-трговијата.

„Размената на искуства во делот на е-трговијата е значајна во креирањето политики се со цел унапредување на царинскиот третман во овој дел, како и поголема заштита на финансиските интереси, но и зајакнување на безбедноста на малите пратки“, истакна Богоев.

Зачлени се на нашиот е-билтен