Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мисовски: Изборите треба да ги издвоиме, тешко се води кампања и за претседател и за промоција на програма во кој правец ќе се движи државата

„Според мене, нема дилема дека треба да го почитуваме Уставот, како сите европски држави. Ако мандатот на претседателот е 5 години, тогаш мандатот на пратениците е 4 години. Изборите треба да ги издвоиме зашто тешко се води кампања и за претседател и за промоција на програма во кој правец ќе се движи државата. Тоа што Иванов своевремено прифати да биде само статист во изборниот процес, тоа е друго. Граѓаните треба да одберат претседател на сите граѓани и поинаков тип на кампања e, изјави Потпретседателот на Собранието и лидер на НСДП Горан Мисовски, во интервју за најновиот број на неделниот „Фокус“

Тој смета дека бојкот на избори е легитимна политичка одлука, но не е добро за државата.

„И ВМРО да бојкотира, цензусот ќе го обезбедиме, зашто има најава за многу кандидати позади кои објективно стои структура и гласачи. Тоа е кукавички чин, како што се случи на референдумот. Мицкоски ги знаеше математиките и одлучи во последен момент да не оди“, потенцираше Мисовски.

Запрашан за евентуалниот кандидат на парламентарното мнозинство за претседателските избори, Мисовски мисли дека ќе одат со единствен кандидат.

„Во овој момент во СДСМ спроведуваат анкети, преку кои ќе се дојде до човек што има најголема поддршка кај граѓаните. Логично е како парламентарно мнозинство и владина коалиција да го поддржиме тој единствен кандидат. Ние формираме европски фронт“, посочува Мисовски.

Тој дополни дека се одржала првична средба со СДСМ сите коалициски партнери, во смисла на расчистување на дилемите дали изборите ќе бидат одвоени или заеднички.

„Во 2016 година, сите анкети покажуваа победа меѓу 6 и 9 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не се случи и ние формиравме влада. Јас не се базирам на анкети, најдобра анкета е меѓу граѓаните. Плус, има и други анкети, каде што ние како европски сојуз сме 5-6 отсто пред ВМРО“, заклучи Мисовски.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново