Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Грковска: Никој нема право да ја забрани или ограничи слободата на медиумите и слободата на изразување

Слободата на изразување, јавниот интерес и слободните медиуми се врвен приоритет за едно општество. Тие не смеат да бидат загрозени, ниту попречувани на каков било начин.

Целосно се спротивставувам на скандалозните обиди да се дискредитира правото на новинарите да пишуваат, да алармираат, да критикуваат и да изразуваат сомнежи.

Новинарската професија мора да биде самостојна, слободна, да биде саморегулирана од страна на авторитетните медиумски тела и организации, во согласност со законската регулатива и новинарските стандарди.

Никој нема право, ниту судската власт, ниту другите државни институции да ја забранат или ограничат слободата на медиумите и слободата на изразување кои се загарантирани со Уставот, се вели во реакцијата на Славица Грковска, заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, објавена на нејзиниот Фејсбук профил.

Зачлени се на нашиот е-билтен