Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Каевски: Локалната власт на ДПМНЕ ништо не сработила за две години

„Освен тоа што ништо не работат и за 2 години резултатите им се нула, локалната власт на ДПМНЕ ја тресат серија скандали“, истакна денеска на прес конференција пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

„Општина Штип пак со ДПМНЕ ја тресе афера на кумско-семејна врска во јавните набавки. Ова е тој Договор за јавна набавка на ЈП Исар Штип, вреден 20.000 евра. Фирмата која го има добиено тендерот е во сопственост на Зоранчо Глигоров, а управител, односно директор е неговата сопруга“, соопшти Каевски и дополни дека зет за ќерка на ова семејството Глигорови е кумашинот на градоначалникот на Штип од ДПМНЕ Методи Јорданов.

Каевски уште истракна дека „освен што е кумашин на градоначалникот од ДПМНЕ, Методи Јорданов е член и на Управниот одбор на истото претпријатие кое го доделува тендерот, ЈП Исар од Штип. Кумашинот на градоначалникот член на Управниот одбор на јавното претпријатија а таткото на кумашинката на градоначалникот го добива тендерот“.

Каевски информираше дека „во Зрновци под капата на ДПМНЕ се случуваат скандалозно, бизарно и нелогично трошење на народните пари“.

„Директорка назначена од ДПМНЕ преку сметка на основното училиште во Зрновци купила, внимавајте, гејмерска столица од 9.999 денари, хибриден брич од 6.374 денари и смути блендер“, посочи пратеникот и портпарол на СДСМ.

Кавески допони дека и „градоначалникот на Кисела Вода од ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски може да го видиме на слики со скап часовник, кој, според јавно достапните информации, објавени и во медиумите, часовникот чини 8.000 евра“.

“Од каде му се 8.000 евра на Ѓорѓиевски за толку луксузен саат?“, праша Каевски и во заклучи дека „кадрите на Мицкоски ДПМНЕ така ги трошат парите на граѓаните“.

„Нема никаква промена во ДПМНЕ, како што владееа 11 години сега така се однесуваат во 40 општини како локална власт“, истакна денеска на прес конференција пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Најново