Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон назначен за нов министер за надворешни работи

Британскиот премиер Риши Сунак денеска го назначи Дејвид Камерон за министер за надворешни работи на местото на Џејмс Клеверли, кој сега е на чело на Министерството за внатрешни работи по разрешувањето на Суела Браверман.

Министерот на финансии Џереми Хант ја задржува својата функција.

Сунак ја отстрани Браверман откако ја обвини британската полиција дека е премногу мека кон пропалестинските демонстранти.

Разрешувањето на министерката за внатрешни работи е дел од пошироката промена во британската влада.

Владејачката Конзервативна партија објасни во изјавата цитирана од ДПА дека целта на Сунак е да го зајакне својот тим „за да постигне долгорочни решенија за посветла иднина“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново