Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Владата на Хамас соопшти дека во Појасот Газа досега се убиени 11.240 Палестинци

 Владата на Хамас вечерва соопшти дека 11.240 Палестинци се убиени во израелското бомбардирање на Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври

Меѓу загинатите има 4.360 деца и 3.130 жени, а 29.000 луѓе се ранети.

Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека десетици тела се наоѓаат на улиците на Појасот и оти е невозможно да се избројат „бидејќи израелската армија цели на возилата на брзата помош и оние кои се обидуваат да им се приближат“.

Во Израел во нападите на исламскиот екстремистички Хамас на првиот ден кога започна војната загинаа повеќе од 1.200 луѓе, а околу 240 заложници беа однесени во Појасот Газа. 

Најново