– Европска Унија обезбеди дополнителни 110 милиони евра хуманитарна помош за поддршка на Украинците погодени од војната, од кои 100 милиони евра ќе бидат наменети за Украина, а 10 милиони за поддршка на бегалците во Молдавија.
Во соопштението од Европска комисија се наведува дека и понатаму е тешка хуманитарната ситуација во Украина, како и оти почетокот на зимата претставува дополнителни предизвици за веќе ранливите заедници погодени од војната.
– Со новата помош ќе се обезбедат основните услуги како парична помош, храна, вода, засолниште, здравствена заштита, психосоцијална поддршка и заштита, се наведува во соопштението на ЕК.
ЕУ испрати вкупно 843 милиони евра како одговор на руската војна во Украина.