Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЗНМ за заканите на Момировски: Секој новинар треба и мора да ги негува говорот и етиката бидејќи новинарството е јавна професија

Тоа што ние секогаш го нагласуваме на нашите членови е почитување на Кодексот на новинарите на Македонија. Новинарите треба секогаш да го негуваат јазикот на пристојност, да водат сметка за својот говор без да се злоупотребува правото на слобода на говор, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за „Локално“ после денешната контроверзна изјава на новинарот Горан Момировски.

Оттаму посочуваат дека новинарите секогаш треба да се придржуваат на општо прифатените општествени стандарди на пристојност.

-Секој новинар треба и мора да ги негува говорот и етиката бидејќи новинарството е јавна професија. Доколку било кој се сомнева дека постои прекршување на етичките стандарди, ЗНМ има саморегулативно тело, Совет на чест кое постапува по пријави на колеги и колешки, но и на граѓани кои забележале прекршување. Одлуките на Советот се јавни, се објавуваат на веб страната на ЗНМ и на социјалните мрежи на Здружението, потенцираат од ЗНМ.

„Локално“ побара реакција и од Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), но до моментот на објавување на текстот не добивме одговор.

Новинарот и уредник на ТВ Алфа, Горан Момировски во гостување на Лидер.фм изјави дека „луѓето во СДСМ ја сносат најголемата одговорност“ доколку постои можност да не се распишат избори.

-Ако го направат овој план, треба да бидат подготвени дека ќе летаат глави. Ќе има убиени луѓе на улица, кажа Момировски.

Момировски упати закани и до премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Бојан Маричиќ дека ќе се случат црни сценарија.

-Ова делува заканувачки од новинар, но треба да бидат свесни дека за вакво национално предавство, да се обидете да ја предадете државата на владеење на други луѓе, да ја поделите државата, не само тие што учествувале ќе бидат санциионирани, со најцрни сценарија, да бидат убивани луѓе по улица, ќе има далекусежни последици по целите нивни семејства, истакна новинарот.

Н.П.

Преземено од Локално.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен