Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гутереш е загрижен за ситуацијата во болниците во Газа

 Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш е „многу загрижен поради ужасната ситуација и значителните човечки загуби во неколку болници во Газа“, изјави денеска неговиот портпарол.

– Во име на хуманоста, генералниот секретар повикува на итен хуманитарен прекин на огнот, изјави портпаролот Стефан Дужарик.

Владата на Хамас вечерва го објави новиот биланс на жртви од почетокот на војната со Израел на 7 октомври, според кој загинале 11.320 Палестинци, од кои 4.650 деца и 3.145 жени. Повредени се 29.200 луѓе.

Зачлени се на нашиот е-билтен